Quantcast
Channel: КАПИТАЛ »Компании
Viewing all articles
Browse latest Browse all 196

Штрајк го прекина производството во најголемата фабрика на Нутела

$
0
0

nutela

Штрајкувачи го блокираа производство во најголемата фабрика на Нутела, соопштија денеска  претставници на синдикатот на компанијата.
nutelaПрекинато е производството во фабриката во Нормандија каде се произведуваат 600.000 тегли со чоколаден крем дневно, што е четвртина од вкупното производство.
Според синдикатот, 160 од 350 вработени се во штрајк од вторникот и блокираат камиони да влезат и да излезат од фабриката. Тие бараат зголемена плата за 4,5 отсто и 900 евра еднократен бонус додека компанијата им нуди само 1,7 отсто зголемување и бонуси од 0 до 400 евра, соопшти синдикатот. Фереро Франција соопштија дека се вклучени во „шестдневни дискусии, но синдикатот одбил сè“.
Од компанијата најавуваат разврска на случајот на суд.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 196

Trending Articles