Quantcast
Channel: КАПИТАЛ »Компании
Viewing all articles
Browse latest Browse all 196

Теско и Карфур ќе соработуваат за да ги смалат трошоците

$
0
0

Tesco Carrefour

Нивниот договор е најнов во серијата во европската малопродажна индустрија, во којашто  неодамна влезе и интернет гигантот  Amazon.  Tesco Carrefour Францускиот малопродажен синџир "Карфур" и британскиот "Теско" денеска објавија дека планираат да создадат долгорочна соработка во областа на набавките на стоки за да ги намалат оперативните трошоци, пренесуваат британските новински агенции. Нивниот договор е најнов во серијата во европската малопродажна индустрија, во којашто  неодамна влезе и интернет гигантот  Amazon. Амазон ја бара својата шанса првенствено во трговијата на мало, односно директна испорака до потрошувачите, каде што дигиталниот шопинг е попривлечен, бидејќи тие не мора да одат во продавница, да трошат на превоз, или да губат време во гужвите  пред каса. "Партнерството ќе вклучува стратешки односи со глобалните добавувачи, заеднички набавки на сопствени брендови и стоки коишто не се за повторна продажба", изјавија од  Карфур. Оваа соработка, којашто и официјално ќе биде договорена во следните два месеци, а не се наведени финансиските услови под кои таа  ќе се одвива, ја исклучува свежата храна. Секоја компанија ќе продолжи да работи со партнерски добавувачи на локално и национално ниво. Теско има годишен обрт од 51 милијарди фунти или 67,2 милијарди долари, а работи и  во Источна Европа, Малезија и Тајланд, додека со подобрување на односите со добавувачите ги притиска домашните ривали да ги намалуваат  цените. Карфур, најголемиот малопродажен синџир во Европа, најголем дел од своите приходи од продажба од 88 милијарди евра, ги остварува на европскиот пазар. Стратешката соработка со Теско  ги исклучува Кина и Полска. Карфур во јануари ги објави плановите за намалување на трошоците и работните места, зајакнување на инвестициите  во електронската трговија, а бара и партнерство во Кина, во обид да ја зголеми добивката и приходите, како и да ги победи локалните ривали во трката за развој на трговијата преку дигитални платформи.  

Viewing all articles
Browse latest Browse all 196

Trending Articles