Дојче Банка најави дека планира да укине 35.000 работни места. Со овие мерки, Џон Крајан, новиот извршен директор, сака оваа банка да стане подобра и попрофитабилна, пренесува Ал Џезира.
Според планот, како што пишува Ал Џезира, се планира укинување на 9.000 работни места со полно работно време, потоа 6.000 на оние кои се на договор и повеќе од 20.000 работници кои се бават со продажба.
Намалувањето на кадарот, ќе доведе и до затворање на локални канцеларии во десет земји.
Инаку, одлуката дојде откако банката објави дека има загуба од шест милијарди евра.