Хамди Улукаја
основач и директор на Chobani
Улукаја е турски Курд, чие што семејство се занимавало со производство на млеко и сирење во неговата родна земја. Дошол во САД во 1994 со намера да научи англиски, и решил да остане и да почне свој бизнис. Од почетното производство на фета сирење, во 2005 преминал на т.н. грчки јогурт, купувајќи еден напуштен погон во државата Њујорк. До 2011-та, неговиот јогурт Chobani е веќе бренд бр.1 во оваа категорија во Америка, а Улукаја денес “тежи“ околу две милијарди долари.
Информацијата за напуштениот погон за млечни производи што се нудеше на продажба, прво ми стигна во junk mail и јас ја фрлив во trash can. Потоа ја извадив од таму, и си реков ај ќе се јавам. На крајот, го купив погонот и од таму тргна целата приказна.
Како што расте бизнисот, добивате повеќе публицитет и сите сакаат дел од вашето внимание, што е супер. Но, секојпат кога одвојувате време за светот, помалку се посветувате на она што го работите.
Кога сте стартап, не брзајте многу за да пораснете, не мора веднаш да бидете во друштво на големите ѕверки. Затоа што ако не изиграте добро, може да загубите сè.
Иако е тоа цел на многу компании, во производството не треба да барате брза излезна стратегија. Фокусирајте се на долгорочно создавање на вредност.
Од технолошки аспект гледано, малите стартапи може да направат нешто извонредно. Ним не им треба премногу во смисла на фабрики и инфраструктура.
Немав диплома за економија, немав искуство да работам за некој друг, во канцеларија, да водам некој оддел и сл. Сам тргнав на моето бизнис патување и одлуките ги носев така како што ми велеше инстинктот.
Колку и да звучи веќе како фраза, но луѓето се навистина најбитните во бизнисот. На крајот на денот, вработените се тие што треба идејата да ја претворат во добар производ.