Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид ќе вложи 400 милиони евра во реновирање на стадионот Сантијаго Бернабеу.
Работите на реконструкцијата на стадионот ќе започнат наредната година, а се очекува да завршат до 2020 година.
Капацитетот на стадионот ќе остане ист, но стадионот нова фасада и подвижен кров.
“Ова ќе биде една драматична модернизација и трансформација на стадионот Сантијаго Бернабеу. Овој стадион е еден од заштитните симболи на градот Мадрид и со реновирањето т ој ќе стане еден од најдобрите стадиони во светот и симбол на силата на нашиот град”, изјави Флорентино Перез, претседател на клубот Реал Мадрид.
Идејата на претседателот Перез во рамки на стадионот да се изгради и интегрира хотел и шопинг центар, со која би се зголемила приходите на клубот, не е прифатена од градските власти.Но, останува можноста за смена на името.
“Постои можност покрај името на стадионот Бернабеу да се додаде и некое ново име. Многу стадиони низ светот ги носат имињата на нивните спонзори, па и ние размислуваме за тоа”, изјави Перез на конференцијата за медиуми во Мадрид.
Стадионот Сантијаго Бернабеу е изграден во 1947 година и моментално има капацитет од 99.454 места.