Quantcast
Channel: КАПИТАЛ »Компании
Viewing all articles
Browse latest Browse all 196

Американскиот конзорциум ja купува германската Osram за 3,4 милијарди евра

$
0
0

osram

Управниот и надзорниот одбор на германскиот производител Osram, го усвои предлогот на американски конзорциум во вредност од 3,4 милијарди евра или 3,8 милијарди долари. Ова беше објавено од страна на германската групација, цитирана од Ројтерс.
osramПонудата доаѓа од инвестициски компании Bain и Carlyle. Тие нудат цена од 35 евра по акција, што е 21 % над вредноста на акциите пред да се објави веста за договорот, соопшти германската компанија.
Од ОСРАМ изјавија дека го прифатиле предлогот, по состанокот на бордот во четвртокот. Покрај тоа, компанијата вели дека договорот вклучува "обемни ангажмани" земени од купувачите за да се развијат бизниси на различни локации.
"Bain и Carlyle се точно партнерите кои требаат во вистинско време за Osram", коментира извршниот директор на компанијата Олаф Берлин во својот став.
Според информациите Концернот нема да го менува своето име по трансакцијата, а централата ќе остане во Минхен, како досега.
По излегувањето на веста за зделката акциите на германскиот производител поскапеа за 13% и уште 0,8% подоцна.
Osram е водечки производител на осветлување, LED осветлување за автомобили и паметни производи. Компанијата има повеќе од еден век историјата, а досега има 26.200 вработени. До крајот на фискалната 2018 година, нејзините приходи изнесуваа 3,8 милијарди евра.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 196

Trending Articles