До крајот на 2018 година Huawei поседувал 87 805 патенти ширум светот, вклучувајќи 11 152 заштитени од американските власти, а 10-15% од годишниот профит се инвестира во истражување и развој, соопшти на прес-конференција главниот адвокат на технолошкиот гигант Сун Лиупин.Само за развојот на 5G мрежа вложени биле над 2 милијарди долари, повеќе од вкупните инвестиции на сите големи добавувачи на опрема во САД и Европа, посочува "Радио Кина".
Huawei, исто така платила над 6 милијарди долари за користење на интелектуална сопственост на други компании во последните 30 години, од кои 80% се американски.
Според зборовите на Сун Лиупин, почитта и заштитата на интелектуалната сопственост се основни принципи и важни услови за успехот на кинеската компанија која и понатаму ќе продолжи да се противи на политизацијата и споровите во врска со интелектуалната сопственост.
"За последните 30 години ниту еден суд не стигнал до заклучок дека Huawei се занимавала со малициозни кражба на интелектуална сопственост. Ниту една компанија не може да стане светски лидер, ако краде од другите ", истакна тој.
Huawei е водечка компанија поради долгорочните и големи инвестиции во истражување и развој, според Сунг. Во 2018 година компанијата има инвестирано 15 милијарди долари, кои ја рангираат на петтото место во светот.
"Во Huawei работат над 80 000 инженери кои го даваат најдоброто од себе вза технологијата која ја создаваме", посочи тој.
Сун Лиупин рече дека неговата компанија го поддржува целосно системот за заштита на интелектуалната сопственост, додавајќи дека не планира да ги користи своите технологии како оружје.
"Нашата политика за интелектуална сопственост е поскоро одбрамбена отколку агресивна", истакна тој.
Портфолиото со патенти на Huawei вклучува важни патенти за 4G и 5G технологијата. Како главен сопственик на главните 4G и 5G патенти, компанијата е подготвена и сака да ги сподели со светот, но сеуште е ориентирана кон развој и понудата на производи.
Од 2015 година досега Huawei добила над 1,4 милијарди долари приходи од лиценци.